Пред неколку месеци, Ријана направи уште еден паметен бизнис потег - ја лансираше компанијата Fenty Beauty (за тие што не знаевте, Ријана уствари се вика Робин Ријана Фенти) и извади колекција на шминка која ги натера бјути блогерите да се фатат за глава од убавини. Прелетуваа блог-записи и Јутјуб видеа полни со суперлативи за секој дел поединечно - од кармини, до пудри, хајлајтери, и тоа, како никој да не си дозволуваше да промрчи, затоа што Ријана е феминистичка, ме-заболе-што-мислите икона, па уште и претставник на women of color.
Токму затоа најверојатно (а и којзнае дали наместено, не изгледа така), Космополитен маскира неколку парчиња, па ги дава на 3 девојки (во разни бои) кои, со оглед на тоа што не знаат дека зборуваат за најфалената колекција во последниве години, треба да бидат искрени.