Откако ќе истражиме дали испорачуваат до тука, да си поплачеме, затоа што колекцијата MatteTrance што ја содржи очигледно совршената формула за мат кармин (види видео подоле) е распродадена.
На сајтот се продаваат по еден, по три и по „сите“ кармини. Целата колекција, MatteTrance Everything, со сите 9 бои чини 275 долари (30 долари по кармин, наспроти купување само еден што чини 38 долари), а можеше да се купи и колекција од три, MatteTrance Trios, во три комбинации за 95 долари. Со оглед на тоа што Пат Мекграт е луксузен бренд со неверојатни резултати во индустријата, инвестиција во кармин од 1500 денари и не е така многу, ако се земе во предвид тоа што многу постари брендови од типот на Диор се продаваат за многу поголеми суми, а квалитетот што го нудат е добар, само не е неверојатен.
Дури да пробаме сами со каква формула, покривност и долготрајност имаме работа, Џефри Стар ќе покаже како тоа изгледа кога ќе се проба, а со оглед на тоа што Џефри има сопствена линија на декоративна козметика (кармини особено), а никако не штеди суперлативи за оваа сериозна конкуренција (види реакција на 5:07), можеме да заклучиме дека се работи за светиот грал на мат кармините.