Знаете ли вие колку е Тим Ган совршено гаден?

Модниот консултант, актер и професор, кој веќе заслужува сопствена категорија во поп-културата, го викаат кај стигнат да сподели контроверзно мислење од причина што - човекот нема кочница. Особено за ликови што ги презира од дното на душата. И да видиме дали ќе продолжат да цветаат медиокритети, ако пола од луѓето што ги познаваме се исто вака со ласерски издепилиран јазик.

Просто, треба човек да си чува гифови со повеќе реакции на Тим Ган, плус сликички со цитати, за да може да има реакција на секој глуп муабет.

Тим Ган, без разлика што е фигура во модниот свет каде што неприкосновено владее Ана Винтур, решил дека едноставно, нема да зборува со нејзе. Пардон, Винтур не зборува со него, затоа што јавно ја изругал, и не ја повлекол изјавата.

Додека светот паѓа во несвест кога Канје Вест си игра моден креатор, единствено Тим Ган без око да му трепне си кажува колку се елементарно глупи неговите колекции.

Истовремено, кога работи со млади, невротични дизајнери, се губи таа строгост кај него и станува фин и татковски настроен.

Финоќата се губи кога ќе му ги спомнеш Кардашијан, за кои овде пишувавме дека изјави: 

„Секогаш им велам на луѓето, ако сакате совет за мода, еве ви: Ако го облекла некоја Кардашијан, ти немој.”

Како изгледа тоа?

За Канје и сватовите:

За книгата со селфиња на Ким Кардашијан:

За закачките со Ана Винтур:

И плус, за нејзиното однесување со фан:

И колку е он уствари добар:

Денес, бидете повеќе Тим Ган од вчера. Секој ден така, и одма ќе биде позабавно.

23 март 2018 - 14:03