Рекоа за семејството Кардашијан

„Немате никаков, простете, талент.“

-Барбара Волтерс, у фаца на интервју со семејството Кардашијан

Откако си направивме муабет дали е Ким Кардашијан глупача, еве што ќе речат и другите:

„Кога ќе ја загледаш страшната состојба во која се наоѓа земјава, ненормално е како некои нешта што требаше да бидат само шега сè уште се тука, како семејството Кардашијан. Не требаше да траат толку долго.“

-Челзи Хендлер, за Њујорк Тајмс

„Ким Кардашијан е ѓубре. Нив им е гајле само за медиуми, пари и да ги има на камера. Тоа покажува дека се без осет и не знаат да престанат. Тоа се курви за пари.“

-Фабио, за Њујорк Дејли Њуз

„Цело време им зборувам на луѓето, ако сакате совет за мода, еве ви: Ако го облекла некоја Кардашијан, ти немој.“

-Тим Ган, за ХафПост Лајв

„Не дека мразам некоја од нив посебно, но тоа што го претставуваат е контра на тоа што јас го претставувам. А не се популарни поради талент.“

-Ребел Вилсон

„Тоа ли е добра порака за девојчиња, семејство од жени што ги прифаќаат лицата со кои се родени како еден обичен предлог?“

-Ејми Шумер на СНЛ

„Што бара оваа не-се-смеам-затоа-што-се-прават-брчки глупача на насловната на Ролинг Стоун? Музиката официјално умре. Кој да знае дека Ролинг Стоун ќе бидат тие што ќе ја убијат?“

-Шинед О’Конор

„Фактот што Кардашијан се попопуларни од шоу како Мед Мен е ужасно. Многу одвратен дел од културата се, a сепак ми е интересно да се шегувам на таа тема.“

-Џона Хил, за Хафингтон Пост

„Гледајте ги Кардашијанс, вредат милиони. Мислам дека не им беше лошо ни претходно, но гледајте ги сега. Ги гледаш и си мислиш, значи треба да се однесувам како идиот на телевизија, и ќе ми платите милиони. Не дека им судам – океј добро, им судам очигледно.“

-Даниел Крег

„Немате никаков, простете, талент.“

-Барбара Волтерс, у фаца на интервју со семејството Кардашијан

„Сигурно си седат по дома и викаат, ‘Еј, Ким, фала ти ептен за... Ти текнува кога му го испуши на тој и се сними и после тоа го пушти тоа во јавност? Е, фала многу, затоа што сега јас сум на насловната на Спортс Илустрејтед и се дружам со јавни фаци.’ И помага да имаш и ужасна, плитка курва од мајка. Тоа многу помага, да си ги распродаваш децата за пари. Мислам дека тоа е одличен пример, нешто кон кое луѓето треба да се стремат тука во Америка.“

-Дејвид Крос, за Хафингтон Пост

„Без разлика дали е Парис Хилтон или Ким Кардашијан, или кој и да е, секако се слави глупоста. Да се биде идиот е она што вреди во оваа култура затоа што добиваш и награди за тоа.“

-Џон Хем, за Ел

„Која е бре Ким Кардашијан? Кои се овие луѓе, зошто се славни, зошто рекламираат ствари и ги прашуваат за мислење? Едноставно не разбирам што направиле за да бидат во положба сите нешто да ги прашуваат... Страшно е.“

-Еди Фалко

„Многу е глупа.“

-Кети Грифин на Џими Кимел

„Не знам кој е тоа, извинете.“

–Шајлин Вудли, замолена да ја имитира Кајли Џенер на премиера на нејзиниот филм Дивергент.

„Би сакала да им се заблагодарам на моите родители што ми обезбедија висок степен на интелигенција и што ме учеа да не бидам самобендисан идиот.“

-Френсис Бин Кобејн, како реакција кога Кендал Џенер твитна „камо работите да беа полесни понекогаш, човече.“

„Јас колку што знам, Ким Кардашијан пушташе сопствено порно по интернет и мислам дека многу пари заработи од тоа. И сега сака да плука по Teen Mom?“

-Амбер Портвуд, реакција на изјавата на Ким дека серијата за мајки-тинејџерки прави бременоста на ситни години да изгледа јако.

„Ах, тие смешни луѓе со нула талент, кои ги поминуваат животите работејќи на тоа сите да ги знаат. Ах, тие глупи, глупи луѓе.“

-Џереми Ренер, за Гардијан

6 јуни 2017 - 11:30