Мишон без катана

Го продолжуваме трендот на „Рамбо” и „Пикард” со тоа што Данаи Гурира засекогаш ќе остане нагалено Мишон. Овој пат, без периката од „Живи мртовци” што упорно нè тера да се запрашаме кога успева да ја оддржува, и без катаната, затоа што ова е фотосесија инспирирана од нејзината улога во „Црниот пантер”.

Сликите се на Бенџо Арвас за Rogue Magazine.

Инаку, Данаи Гурира го има напишано драмскиот текст Eclipsed, кој се претвори во прва претстава на Бродвеј со жена писател и режисер и исклучиво женска екипа.

Има добиено почесен докторат од Макалестер колеџ во Сент Пол, Минесота.

На „Живи мртовци” ја примаат истиот ден кога има аудиција. И тоа првиот пат ја зезнала, па кастинг-директорот ѝ дал уште една шанса.

Не гледа хорори.

На 15 години ја запознала Нина Симон. Би била одлична Нина Симон, само што улогата непотребно ја доби Зои Салдана и го изеде стапот за тоа.

Зборува многу гласно, и другарките од Зимбабве (каде што е порасната, а родена е во Ајова) ја викаат „Мегафон”.

Има 40 години.

Зборува четири јазици: англиски, француски, шона и коса (последниве два се банту јазици).

Мишон со катана:

Сликите се од тука.

27 март 2018 - 15:36