Версаче веќе нема да користи вистинско крзно

Ако Версаче се откажа, сите можат.

Донатела Версаче објави дека нејзиниот бренд повеќе нема да користи вистинско крзно во производите, и со тоа се приклучи на другите големи брендови што се сега fur-free. Гучи, Том Форд, Мајкл Корс и Армани исто така се откажаа во последниве години.

„Крзно? Доста со тоа. Не сакам да убивам животни за да создавам мода. Не се прави така,” му кажа Донатела на Лук Лич во интервју за The Economist's 1843. Списанието истакнува дека ова е доста брз пресврт за брендот, со оглед на тоа што во моментот кога излегува интервјуто, тие сè уште промовираат „крзнени капути што вртат глави” на сајтот.

Вестите дека луксузниот бренд познат по гламурозната и екстравагантна естетика (поради која никој кај нас нема да ти верува дека ти е оригинал), што има и долга историја на користење крзно е пречекана со аплауз од Humane Society International.

„Версаче е многу влијателен луксузен бренд што симболизира претерување и гламур и нивната одлука да престанат да користат крзно покажува дека сочувствителната мода никогаш не била повеќе во тренд,” рече Клер Бас, извршен директор на HSI во Велика Британија.

А ако сте мислеле дека Донатела е ладна, строга личност, размислете пак: 73 прашања со Донатела Версаче.

16 март 2018 - 10:00