
Не е ни важно кој се планира да ја замени затоа што - не може никој. Културната, финансиска и политичка моќ што ја има стекнато на чело на Вог, повеќе не може да ја достигне некој уредник на печатено издание, без разлика колку е талентиран, одлучен, поврзан или страшен.
Кога Винтур дојде на власт во Вог во 1988-ма, печатените списанија беа главна храна за љубителите на мода. Ако уредникот не сметаше дека некој дизајнер вреди, читателите едноставно не го гледаа. Се разбира, имаше и други освен Вог, но сепак Вог беше Библијата на модната индустрија - способна да ја создаде кариерата на еден креатор - под надзор на Винтур. Самите креатори се консултираа со нејзе пред да извадат колекција и нејзиниот збор беше закон.
Друг начин за бренд да влезе во Вог беше да купи простор за реклама. Септемвриските броеви се најважни за модните списанија, а заради реклами, Вог знае да биде подебел од речник. Во 2007-ма, на пример, септемврискиот број имаше 727 страни, рекорд што уште не успеале да си го скршат до ден денес.
Со години, Винтур беше непобедлива и до насловни страни стигаше само со насмевка. Денес е многу полесно да се дојде до медиумско внимание: Гледаме од каде се инспирираат дизајнерите на Инстаграм и сами си бираме што ќе имаме на фид. И сè повеќе насловните страници на Вог ги рефлектираат оние кои се најмоќни на социјалните мрежи, наспроти луѓе од филмската или модната индустрија. Кендал Џенер е моментално на насловна - трета ѝ е од 2016-та па наваму.
Надвор од списанието, Винтур стана културна и политичка сила без конкуренција. Метрополитен има одвоено едно крило во нејзина чест, а таму на годишниот гала настан што го води за Met’s Costume Institute присуствуваат технолошки, бизнис, холивудски, спортски, музички и модни џинови кои без проблем собираат по 10 милиони долари за мзуејот, а во денешно време, новите медиумски ѕвезди кои имаат милиони очи на себе преку социјалните мрежи, ретко можат да имаат влијание како нејзиното.
Кој и да ја преземе палката после Винтур, без разлика дали тоа ќе биде оваа година или не, ќе преземе под сосема нови услови, каде што ни позицијата уредник, а ни списанието ја нема таа моќ што некогаш постоела. Новиот водач може ќе има милиони следачи, но никогаш нема да го следат како што ја следат Ана Винтур.
