Во 2018-та останува коректорот, моливот за очи, сјајот и по некое моливче за уста, односно сè што се носеше во '90-ти, без тоа острите линии и тенките веѓи што на слики издаваат која декада е во прашање. А од најновите (и најкорисните ствари), почесно место зазема хајлајтерот, и него уште долго ќе го поздравуваме задоволство.
Синди Бруна е француски супермодел, што ако сме паметни, ќе ни стане репер за како треба. Супер си е Џефри Стар, ама неговото бре, бара време, бара светло и една работа ако згрешиш, отиде во малтер-правец работата.
Ваму е сè најнтис-едноставно, со ретро финти од типот кармин наместо руж, со размачкување молив и без претерување. А видеово покажува дека сепак, сè уште неприкосновено важи: less is more.