Малтер-пудрата, заедно со тигрестите хеланки и цртаните веѓи се еден многу мерачки муабет на (нашиот) Твитер, и прилично често со причина - некои жени едноставно не знаат како.
Кога сме кај малтерот, нека ви текне како тоа кошмарно изгледа. Стоиш во ред, во банка, сфаќаш дека не си сигурен дали си за тој шалтер, и на таа со чудесно жута коса пред тебе ѝ викаш, „Извини, девојко, ова е редот за правни лица?”
Се врти да ти каже, а тебе пред очи ти излегува она кога глумците оставаат отисоци од раце и потпис во Холивуд. Само што, негде, на некоја скопска, тазе асфалтирана улица има отисок од лицето на оваа.
Среќа, има решение. Тигрести хеланки - не, цртани веѓи - после многу вежбање и фино нанесена пудра - вака: