Може конечно ќе се спасиме од она едно те исто шминкање

Пролетен список за пазарење: Црн молив за очи, зелена сенка и светло-црвен кармин. Поточно: моливот (или тушот) треба да биде црн и многу да фарба, сенката треба да биде трева-зелена, а карминот треба да биде blood orange.

Така налага новиот тренд за шминка - пролет 2018-та, и богами не звучи лошо. Со исклучок на карминот што не мора да значи дека ќе стои на секој тен, затоа што секоја нијанса на човек си бара одредена нијанса на црвен кармин, правец парфимерија (или не мора де баш парфимерија де, и овде има), и бирајте совршена зелено. Под претпоставка дека црното ви се наоѓа некаде по дома.

Значи, го баталуваме сега ова и нему сличните (што патем, отру и отече веќе):

И одиме на ова:

Kонечно.

Професионално мислење од уредник на рубрика за убавина: „Обично црвениот кармин е најхраброто што може да се направи, но јас се инспирирав од манкененките на Марк Џејкобс. Неговата шминкерка Дајен Кендал создаде осум различни начини да се стави црно околу очи и ги распореди по манекенките. Мене најмногу ме привлече храброто.”

Откако пробува:

„Ова не се прави во автобус додека идеш на работа - бара вештина, време и напор. А бидејќи обично се шминкам во автобус, нема да се шминкам вака преку ден, но сепак сигурно ќе го пробам следниот пат кога ќе излезам.”

Како се прави? Претерајте и со дебелината на линијата и со маскарата.

Понатаму, следниот тренд, Дејли Мирор го вика „смарагдни очи”. Фразата е излитена, ама стилот ич не е:

Една друга уредничка на модна рубрика вели: 

„Мојата колекција на сенки за очи е во основа беж, па да фрлам Кермит боја внатре ми беше ризик дека ќе заличам на Мапет. Се плашев дека нешто што изгледа забавно на млади манекенки, ќе ме претвори мене, со моите 40 години во зеленооко чудовиште.”

Откако пробала:

„Не личев на певаљка како што мислев. Никогаш не би носела само зелено преку целиот капак, но би можела да ставам малку светкаво зелено врз моето беж. Понекогаш треба со мали чекори.”

Трето, карминот:

Ако сте го нашле совршениот црвен кармин, тогаш не значи дека мора слепо да го испратите и овој тренд. Истовремено, не значи дека не треба да се осмелите да прошетате по други нијанси. Веројатно не ви стои само една.

Уште една уредничка на рубрика за мода и убавина: 

„Моите кармини се обично од nude до розеви. Не носам светли бои затоа што привлекуваат многу внимание. Се секирам и дека ќе ми се размачкаат на заби и никој нема да ми каже.”

Откако пробува:

„Всушност, мислам дека портокаловото ми ја осветли кожата. Се чувствував свежо. Мислам дека трикот е остатокот од шминката да биде едноставен, затоа што многу шминка на очи и уста во исто време ме паничи.”

*Бонус тип: Водоотпорниот туш на Wet n Wild е измислен за првата варијанта.

13 април 2018 - 12:40