Naked има смоуки палета, глитер палета, основни бои (Naked Basics), вечерна палета... И убедливо најпопуларни се Naked 1, 2 и 3.
Едноставно пребарување на Гугл ќе ви ги покаже сите и ќе можете од дома на раат да си одберете кои сенки најмногу ќе ви одговараат на животниот стил. Ако гледате на интернет, можеби и ќе одлучите дека најсовршено би се вклопиле Naked 5 или Naked 8. Особено кога ќе се изнагледате еден куп возбудени твитови од типот:
Сè тоа супер. Само што Naked палетите од 4 до 8 - не постојат.
Односно, Urban Decay, компанијата што ги произведува потврди дека стигнале само до бр. 3, од таму не се мрднати уште од 2013-та и дека ако купите било што над 3, тогаш купувате фејк.
Оди објасни им го ова на армија од фанови што си ги сликаат за на Инстаграм, што ги препорачуваат на долго и на широко и се колнат во формулата и нијансите. Се воскликнува околу пакувањето, дизајнот, боите и фрчат коментари од типот „да ти кажам, баш ми е гајле, ова е МНОГУ ДОБРО.“
Што е јакото во случајов? Разбеснети лајфстајл и мејкап гуруа кога пишуваат за овие копии, пишуваат дека „некој таму ги продава по тоа мрачните делови на интернетот, а луѓето се лажат“.
А јас, во саботата бев на една крајно немрачна локација наречена Битпазар по јагоди, и погодете што најдов:
Наспроти оригиналните од сајтот на Urban Decay, што чинат околу 50 евра, нашиве се 5. Плус, човек малку да се заулави таму. Сите четки, сјаеви и пола колекција на Кајли Џенер се симнати таму, на тезга, одма до „Здраве“ бугарскана крема и црната к'на толку својствена за '90-ти.
Дали вреди да се проба? Што знам, 300 денари е. Само гледајте да не се фалите на Инстаграм, ќе ве уловат.