
Господ здравје да им даде на белите „рамбовки”, сигурно ќе ги носиме до смрт, ама ви текнува дека некаде на почетокот на новиот милениум имавме маички со тенки прерамки во сите бои и дезени и се носеа со сè што ќе ти текне? Полека, од за во кафич, преминаа на маици за спиење, од таму, тие што не пропаднаа скроз - отидоа на маици за јога и за теретана. И еве ги, во 2018-та назад на улица, како што налагаат Бела Хадид, Емили Ратајковски и пола фамилија Кардашијан.

Со корени во шик-минимализмот на ’90-ти, кога во комбинација со нејзе се забораваше прслук, маичката со тенки прерамки ја имаше и по разни црвени теписи, на пример на Гвинет Палтроу (што му доаѓаше како претставник на тие што ја носеа на голо), па и Џулија Робертс, па и Мараја Кери кога промовираше албум во 1999.


Денес, една од уредничките на Вог, Ени Чои тврди дека нема романтичен состанок каде што не е така облечена. „Тука лежи одговорот за даски да се чувствуваат секси,” вели таа. „Ако немаш деколте, ова е најдобар начин да покажеш малку кожа.” И Кардашијан и Хадид отидоа на варијанта less is more, а манекенката Ерин Васон често носи пошироки, памучни варијанти.
Не дека требаше да чекаме да ја појават маичката пак на улица за да ја носиме, ама некогаш треба потсетување. Плус тешко дека пак индустријата ќе донесе на свет нешто толку едноставно и практично, што во зависност од комбинацијата може да се носи од плажа до свадба.
Денес, можеби вака:
