Ако не ви е познат терминот, тогаш ви се познати продавниците и нема шанси до сега да не сте стапнале барем во една, барем случајно. Брендови како Зара, Бершка, Страдивариус, Примарк, H&M и слични се некои од врвните компании во светот на брзата мода, со главна заедничка карактеристика: истовремено се и производители и продавачи. Тоа значи дека контролираат целокупниот процес, од конец до продадено парче.
Видеото подолу е со наслов: „Стапицата на брзата мода и како да се избегне”, па веќе е јасно дека во модните кругови брзата мода важи за нешто што треба да се игнорира, наместо да се искористува.
Проблемот е што, толку е разработен и масовен процесот на производство, носење до дуќан и продавање, што самото парче што ќе го купиме не бара третина од месечните примања (или повеќе), туку напротив, често знае да чини и колку две-три кафиња. А тоа на луѓето им доаѓа многу фино.
Додека некој не им објасни дека самиот факт што купиле нешто кое доаѓа од толку мал производен циклус значи дека на себе имаат нешто што работливите модни креатори го викаат - ѓубре.
И да не нè теши фактот дека „не е Бершка, Зара е”, сознание што нè грее дека ако сме го платиле поскапо, ќе биде поквалитетно. Сите овие брендови работат исто.
И од економски, практичен, временски и хуман аспект - многу поинаку од еден моден дизајнер.