Како може сите жени на телевизија да ја имаат истата фризура?

Од вести, до серии, реални шоу-а, контактни емисии, па и филмови, сè што е женско и што ќе се појави на телевизија, ја има истата фризура. Онаа, така малце фениранка, ама не премногу. Божем свртена нанадвор, ама така, необавезно.

Прво, длабоко извинување што ви ја ставивме оваа чивија, можно е сега да не можете да се отарасите од броење и забележување на секоја жена што ќе ја начекате со фризурата, во што и да гледате по телевизија и Нетфликс.

Второ, фрапантно е колку е стварно често кога ќе се загледа човек во овој севернокорејски пристап кон телевизиска коса. А во живо - никаде го нема.

Објаснувањето е едноставно: најлесна е, за жената да изгледа средено, а сепак не толку претерано средено. И други некои финеси:

30 март 2018 - 15:11