
Од фотографиите веднаш се чувствува причината што е толку воодушевен: уличниот стил во Токио бега од Париз и Њујорк, а ова бегање не е само во географска рамка. По неколку трендови знаат да вметнат во една комбинација и тежнеат кон максимализам, кој пак делува изненадувачки автентично во однос на мејнстрим модните недели. Правилата не се ни одново напишани, напротив, има нови, кои, така сликовито претставени имаат многу смисла.
1. Добар мантил може да биде комбинација сам по себе
Ако е добар и ако оди во комбинација со добри додатоци, апсолутно. Не мора ни да пазите на облеката под него.

2. Најомиленото: Пижамите не се пижами ако носиш очила за сонце
Ова е идеја пријатна колку што е непријатна помислата дека кај нас никогаш нема да пројде.

3. Ригите се супер за поткошули

4. Најнеомиленото: Сите карирани дезени си одговараат еден со друг
Не мора баш сè што ќе смисли Токио да имитираме. А карирано веќе пробаа да ни протурат.

5. Пола надвор - пола внатре кошула не мора да изгледа трапаво

6. Маичка + свилена марама + сако + фармерки е еднакво на класика, засекогаш
За-се-ко-гаш.

7. Комотни костими се супер за викенд
Па, да пробаме?

Од Хејли Наман
На една почудна (а сепак сродна) тема, или зошто никогаш нема да ги разбереме Јапонците, пишувавме во „Психологијата на Yami Kawaii”.