
Фирмата се вика Coexist и се работи за организација во Велика Британија која има своја „политика за месечен циклус”, или ако ви е подраго, „политика за добиено”, со која на вработените им следува платено отсуство без да мораат да бараат боледување. Ова на Јапонците им текна уште во 1947-ма.
Бекс Бакстер, една од директорките, за Бристол Пост објаснува дека политиката има за цел да „дозволи жените да одморат за време на природниот циклус на нивното тело, без тоа да се смета за болест.” Во однос на продуктивноста, Бакстер додава дека „периодот по завршувањето на циклусот, жените се три пати попродуктивни… Па затоа се работи за балансирање на работните обврски со природните циклуси на телото.”
Според одредени истражувања, 90% од жените имаат болки при циклусот. Болката може да биде од блага до сериозна, со тоа што 17 проценти од жените кажуваат дека агонијата им пречи во секојдневните животни обврски. Џон Гилбод, професор по репродуктивно здравје на еден колеџ во Лондон, има кажано и дека грчевите знаат да бидат „страшни колку и срцев удар.”
Бакстер вели:
„Сум имала многу жени вработени низ гпдините и сум видела како се виткаат од болка… Во Coexist сме полни со разбирање. Ако некој има болка - каква и да е, се охрабрува да оди дома.”

Политиката на Бакстер се заснова на работата на Александра Поуп, основач и креатор на програмата за жени водачи „Red School”. Школото сака да започне разговор за женското здравје на работа и развива креативни програми кои им одат во прилог на жените при нивниот циклус. И уште додава:
„Да добиваа мажите, сигурно ќе им текнеше на ова порано.”