Ќе видиме ли некогаш машко апче за контрацепција?

Тие што имате машки деца, ве фаќа ли понекогаш параноја дека „некад, кога ќе порасне, таму некоја може да му остане трудна?” Затоа што сега не мора да настапувате со хорор приказни за болести и несакани обврски на 16 години. Односно, продолжете вие со приказните, ама барем малку помирно ќе се спие: можно е да можете да им набавите апчиња.

Пред еден месец, истражувачи со презентација на годишниот митинг на Endocrine Society открија дека постигнале успех при тестирање на апче за контрацепција, кое би се пиело еднаш дневно, а е наменето за мажи. Објавата доби голема медиумска покриеност, најчесто во комбинација со прашањето „Што ви требаше толку време?” Поминаа речиси шеесет години откако американската Администрација за храна и лекови го одобри женското апче, а и откако почна да ветува дека машкото „еве го кај е.”

Во 1950-ти имало обид својствен за тоа време, со тестирање на пациенти во ментални институции. Од ’60-ти до ’80-ти се појавува the pill како што го знаеме денес, и буквално го менува светот: жените, неоптеретени од „јеби га, се деси” моментот, одеднаш можат на раат да студираат, да работат и да се изборат за подобро место во општеството. А од ’90-ти наваму, науката посериозно се труди да се свртат кон мажите, не дека фармацевтските компании се толку насекирани за нивната иднина, колку што секое ново апче кое овозможува раат носи пари. Причината што доцнат е поедноставна отколку што мислиме:

„Жените овулираат еднаш месечно,” објаснува Стефани Пејџ, професор по медицина на Универзитетот Вашингтон во Сиетл и постар истражувач на последното клиничко испитување. „Мажите создаваат милиони сперматозоиди на ден. Многу е поинаков биолошкиот предизвик.”

Новата формула - диметандролон ундеканоат, или DMAU, решава многу проблеми со кои научниците се соочувале од ’50-ти па наваму. Се разбира, иако Пејџ ветува дека новата опција за хормонска контрацепција за мажи ќе стане достапна во наредниве пет до десет години, важно е да не заборавиме: ова сме го слушнале и порано.

Подетално, тука.

4 април 2018 - 13:18