Би ви рекле пазете како се ракувате, ама џабе

Една жена тужела дека откако агентот за недвижнини, кој ѝ покажал некој имот во Сиднеј, толку силно ѝ ја стиснал раката за поздрав, што ѝ нанел тешки повреди и сакала тоа да биде категоризирано како „насилство”.

Не сакаат сите девојчиња да работат мода

Некои сакаат да балсамираат мртовци.

Карминот „F*ck Trump” собра 100.000 долари

И сите ќе одат кај семејствата што Трамп ги раздели на граница.

Крокс на штикла

Од Крокс решија дека светот не бил доволно поделен низ историјата и дека сега ќе ја направат најјезивата поделба - на луѓе што ќе носат и луѓе што нема да носат - крокс на штикла.

Ја видовте ли епската ревија на Долче и Габана?

На Јутјуб има 10 минути снимка, што најверојатно ни од блиску не доловува какво стварно било, ама она што е уште поимпресивно е 1-минутното филмче со најјаките моменти. Епик.

Миленијалците се најголеми клиенти за висока мода

Илјадници часови рачна работа, закажување за земање мерки и чекање по 12 месеци за еден фустан: вака сме навикнати дека изгледа светот на високата мода и на прв поглед ич не е соодветен за денешно време, кога пазариме со еден клик. А сепак, процентот на миленијалци што пазарат баш на високо расте и тоа брзо.

Минимализам и мода: што значи тоа и зошто е паметно

Неодамна пишувавме за основите на минимализмот според Џени Мастард, со видео во кое што нè учи како да престанеме да растураме. Некои од нас се уште на прва лекција, но добро, додека да влеземе во штос, да видиме во кој сè дел од животот можеме да срдечно да го поздавиме минимализмот.

Лагата наречена #NoMakeup

Прво имавме „no makeup makeup” или „шминка без шминка”, феноменот на носење толку лесна и фина шминка што е речиси незабележлива. А сега имаме само „без шминка”. Без дискретни замавнувања со четка, стварно, последниот тренд е неносење шминка.

Па, само што се избоцкавме

Кајли Џенер пак може да влијае на економија. Само вие смејте се. После целосното изобличување од таа религиозна посветеност на естетски корекции, што со силикони, што со филери, Џенер роди и одлучи да ги вади филерите. Па да видиме како тоа ќе се одрази на козметичката економија.

Сериозни дилеми пред одмор

Дали би се откажале од бразилска депилација?

Кози во плик

Кај нас по свадби главно се даваат пари. И тоа трае толку долго, што ни досетките со пеглите и миксерите не се веќе интересни. Позападно имаат уште пофина варијанта: младенците се регистрираат во одредени дуќани каде што има ствари што им требаат и ти одиш таму, гледаш што ставиле на список и бираш што ќе им купиш според буџет, со што тие ќе избегнат 4 исти сервиси за кафе, на пример. Понекогаш ќе прашаш, „што ви треба”. Само, што се прави кога зетот и невестата на тоа ќе одговорат: „Па, 1000 кози.”?

Мајките добиваат поинакви коментари на Инстаграм

Луѓето се проблематични. Колку и да знаеш дека се добри, имаат еден неквалитет што те тера да бидеш внимателен: полесно им е да те тешат отколку да ти честитаат. И просто е фрустрирачки што хиени демнат насекаде и треба да имаш вонсериски голема самодоверба и висока свест за себе за да не те допре нивниот отров. Или тоа, или интроспекција да ти биде јака страна. Или едноставно да си свесен дека не може да се важи мислењето на некој што ти тврди дека не си доволно добра мајка затоа што објавуваш слики од себе на Инстаграм.

Што се учи кога ќе наполниш над 70 години?

Емили, Барбара и Беатрикс имаат над 70 години и мудрост за цел еден свет да се почувствува помладо.

Не се прават деца затоа што е скапо

За да откријат зошто се помалку Американци се одлучуваат да имаат деца, од Њујорк Тајмс интервјуираат скоро 2000 мажи и жени на возраст од 20 до 45 кои имаат помалку деца отколку што би сакале. Иако добиле еден куп различни одговори, поголемиот дел имале еден проблем: да имаш деца е неверојатно скапо.

Разликата меѓу добрите и лошите мажи

Не постојат прирачници за врски, ни за мажи ни за жени. 

Островот за жени и разликата меѓу феминизам и елитизам

Некаде кај Финска, има приватен остров, опкружен со Балтичко море, што е забранет за мажи и само одбрани неколку жени со пригодно огромни сметки во банка смеат да стапнат на него. Се вика SuperShe Island (леле, леле) и е меѓународна станица, или штаб, како сакате, на заедницата SuperShe.

Како ви се чини идејата „бесплатен влез за дебели”?

За волја на вистината, темата е бесплатен влез за жени над 62 кила, ама во еден парк во северна Кина тоа го сметаат за „малку над нормалното”, па ги мерат пред да влезат и така одлучуваат.

Кога сме кај сите тие „несмешни” жени

„Можеби полот со толку нежна креативност е тој што не е паметно да се најмува.”

Што се случува кога не пиете доволно вода

Ги знаете оние статии што ве тераат да запрете, да направите тоа што советуваат, па да дочитате? Е па, тоа. Ќе се исплати.

Па и не сме толку паметни кога пазариме во аутлет

Рушење на митот дека го добиваш истиот квалитет за одлична цена.

Сега има алгоритам за тоа колку и кога треба да се пие кафе

Да не навлегуваме во тоа колку е кафето составен дел од денот, како не можеме да се разбудиме без него, или барем без ритуалот на пиење кафе. Сепак, можно е да ви е познато: правиш второ/трето кафе и веднаш знаеш дека нешто не е до крај океј.

Канабис како состојка за нега на кожа

Додека ние се тегнеме околу закони и правила на оваа тема, светот прифаќа дека придобивките од канабисот не се ограничени само на една-две употреби.

100 години женски патики

Дали се разбравме дека 2018-та сака да ни каже дека штиклите одат во пензија и светот останува на патиките?

7 најдобри пудри

Каква пудра користите во моментов и зошто? Ако сте ја нашле совршената - секоја чест, затоа што совршена пудра е една од потешките задачи кога ќе влезеш во парфимерија, ама кога ќе ја најдеш - најдено е.