Без спојлери, тие што ја гледаа прва сезона знаат зошто втората ќе има поинаков наслов. И ќе се вика The Haunting of Bly Manor.
Во старт да ги кажеме непријатните вести, па да си направиме муабет: Ќе мора да го чекаме Нетфликс да ја пушти до 2020-та.
После години и години лоши хорори, The Haunting of Hill House беше освежување. Свеж начин на играње со тропи, поинаков приказ на стравот, вешто справување со границата меѓу надреално и ултра-реално (духови наспроти ментални нарушувања и испрекинатата линија меѓу нив). Затоа и хорор-фановите колективно воскликнаа на вестите за новата сезона - ако продуцентите така добро ја извозеа приказната на авторката Ширли Џексон, којзнае што ќе направат со „Вртење на завртката” (превод според Википедија) на Хенри Џејмс. Книгата е од 1898-ма, а настаните се вртат околу гувернанта и две деца - и се разбира проблематична куќа, како поинаку. Жената почнува да гледа духови, а дали навистина ги гледа или има проблеми со главата се остава читателот да одлучи.
И со оглед на тоа што повторно се танцува на линијата меѓу хоророт и психолошката траума, може да се претпостави дека ако ова стане антологиско - таму ќе лежи заедничката нишка.
Интересно: Луѓето многу ретко се осмелуваат да ја почнат, а уште помалку да ја продолжат The Haunting of Hill House сами. Размислете за тоа, ако сте скептици, разочарани од жанрот и мислите дека веќе ништо не се прави како што треба.
Тизер за втора сезона: