Од истата кожа со монограм како куферите на рускиот Инстаграм поп, од Луј Витон вадат мала ташна што сами си ја викаат „Ташна за кармин”.
Инспириран од деликатните кутии за шминка и накит од ’20-тите години на минатиот век, малиот цилиндар може да се носи како ланче, преку рамо, или едноставно во рака, според упатството што го нудат модните сајтови. Излезе пред неколку дена, ќе има и сребрена и златна, внатре има и огледалце.
Зошто е добро, според Вог?
За да не го губите карминот. Како што на пример би можело да му се случи на кутриот поп.
Ова ситно задоволство чини 1390 долари и го има само во некои продавници.
Попот сигурно ќе си го нарача.