Тоа не беше важно, затоа што тие што гледаа Беверли Хилс секоја недела собрани со друштво или сами, во некое свое прво-второ одделение, едноставно го поттиснаа фактот што Дилан изгледа премногу кул и премногу зрел да биде средношколец. Воопшто не мислевме на неговата возраст, затоа што така беше полесно, затоа што Пери нè натера да му веруваме на ликот и затоа што за Дилан Меккеј едноставно не важеа концепти како време и простор.
Дилан Меккеј беше истовремено и млад и одвоен од еден обичен концепт како возраст. Беше бунтовен и секси во деценија каде што бунтовен и секси беа клучни компоненти од машкиот идеал. Беше очигледен наследник на Џејмс Дин, со кула од гел наместо коса што ги игнорираше законите на гравитацијата и чело што предизвикуваше посебни чувства, одвоени од останатото што се случуваше на неговото убаво лице. Дилан не беше само згоден и опасен, беше и интелигентен и чувствителен, а со девојка му Бренда Волш зборуваше со топлина што го топеше и сладоледот што го јадевме додека гледавме Беверли Хилс.
Лук Пери се разбира не беше Дилан Меккеј. Но стана толку испреплетен со ликот, што двете имиња станаа синоними, па беше многу тешко да се испроцесира фактот што Пери почина вчера, на 52-годишна возраст после сериозен удар од кој што не се опорави. Тоа нема никаква смисла. Дилан Меккеј не може да умре. Можеби е полесно да се замисли дека тој е сè уште во Вест Беверли, сè уште ја заведува Бренда во истиот црно-бел фустан како на Кели и сè уште се мачи да избере меѓу нив две, справувајќи се и со демоните и со пиењето и неговиот комплициран татко, сè уште кажува излитени фрази како „Познат ми е тој облак” кога се обидува да го утеши Брендон, а сепак тие фрази од него звучат толку значајно и вистински.
Имаше нели, и други улоги во текот на кариерата - Пајк, дечкото на првата Бафи во филмот „Бафи убиецот на вампири”. Глумеше во „8 секунди”, во „Симпсонс”, во филмот што се ближи на Тарантино „Си беше еднаш во Холивуд”.
Во последно време, Пери играше татко во „Ривердејл”. Улогата беше важна, но овој пат како Фред Ендруз, таткото на Арчи, а Пери се претстави на една цела нова генерација тинејџери и деца, а нас нè потсети дека - дури и Дилан Меккеј старее.
Тука требаше да се помириме со тоа, ама ништо. Штом почна да се шири веста за смртта на Пери, прво што паѓа на памет е: О, боже, го изгубивме Дилан.
Еднаш за улогата има кажано:
„Ќе бидам врзан со него додека не умрам, ама тоа е во ред. Јас го создадов Дилан Меккеј. Мој е.”
Дилан беше негов. Ама истовремено и наш. И на сите што ви се крши срцето денес, ден после смртта на Дилан, можам да ви кажам: Познат ми е тој облак.
Џен Чејни, за Vulture