Да поразговараме за ова

Може не гледате Оскари, ама имате интернет. А понеделнички, на глава ќе ви се испентари оваа слика. Така што, да поразговараме.

Ова е Били Портер, игра во Pose, на Нетфликс. На Оскари дојде ваков:

Како сега да не го испиташ од раѓање навака што човек е? Вака се прави кога се сака да се биде центар пажња.

Не му е прв пат, на Златни глобуси се појави со една неверојатна наметка што пак ги натера сите да гледаат во него, ама ова првово е некст-левел.

Фустанот е на Кристијан Сиријано, на кој што најверојатно ќе му ја простат фаличната ревија, и заслужил да се качи на врв заради соработката.

А Били Портер… Па, што да се каже, тешко е да се биде жена баш на овие Оскари каде што е присутен. Каков сакаш фустан избери, пак паѓа во сенка од ова прекрасно чудовиште од плиш вредно за невеста.

После се пресоблече, како секоја амбициозна невеста во панталони со широки ногавици и не се ништо полоши. Само немаат шанси со тоа фустаниште од погоре.

Ете, поразговаравме, драго ми е.

А сега, Pose, прва епизода.

25 февруари 2019 - 03:21