Кристијан Сиријано малку се изглупира

Што е штета, затоа што, како што пренесуваат медиумите, да не била недокваканоста на организацијата, крајниот резултат е сепак добра колекција

Дури и нашите дизајнери полека сфаќаат дека да избереш локација за модна ревија се граничи со уметност. Вистинскиот простор може да ја однесе ревијата од левел: одлична до левел: свемирска.

Избереш ли погрешен простор, публиката ќе ти се налути уште пред да ѝ покажеш што си направил.

Ова се случи со есенската колекција за 2019-та на Кристијан Сиријано. Замислена беше на врвот на Рокфелер центарот, со поглед на цел Њујорк, што е одлична идеја ако не си замислил да ти дојдат милион луѓе: има само неколку лифтови и собираат по околу 15 луѓе, за почеток.

Се собираат купишта модни уредници, инфлуенсери и други посетители, во ред што трае речиси еден час за повеќето, со закажан почеток во 4, а реален почеток во 5 часот, со седишта што влегуваат едно во друго.

А луѓето тешко простуваат, па се редат коментари како „хаос” и „срање”, за крајниот коментар да биде дека тие што не стигнале или не биле поканети имале среќа, затоа што никој не успеал да стигне на наредната ревија закажана еден час подоцна.

Сето ова би помалку би звучело како локална приказна да сакал организаторот (или веројатно самиот Сиријано) да го преполови списокот на гости. А штетата е што до израз не успеала до крај да дојде добрата колекција, кон чија естетика локацијата успеала многу малку да придонесе. Како и кај Џереми Скот, има доста пердуви, плус на Сиријано специјалност му се вечерни фустани и тоа и им го донел на присутните.

Проблематични му се обидите за авангарда, според fashionista.com, иако според Off Café работи со најубавата виолетова боја досега видена на било која писта во свет.

14 февруари 2019 - 00:00