Емилио Родригез си ја купил куќата во ноември минатата година, а розева му е омилена боја. Вели дека намерно ја купил во област каде што нема асоцијација на сопственици на домови за да може да си го направи вака ќеифот.
„Го планирав ова специјално од таа причина, за кога ќе ми се налутат да се фатам за фактот што тука нема таква асоцијација,” објаснува Родригез. „Прво искречив позади, па после и целата куќа.”
Родригез е инаку парализиран од половината надолу уште од четиригодишна возраст поради сообраќајка и имал многу операции како тинејџер. И ова му е дом од соништата.
„Многу ја сакам куќава. Не знам зошто не им се свиѓа на другите,” вели тој.
Комшиите не се баш фанови, ама како што кажува Родригез, не можат многу да се бунат, освен на пример да тужат со образложение дека куќата ја намалува вредноста на околните домови.
Не само што не му е гајле ни за тоа, ни за што ќе речат комшиите за фасадата и кровот, туку наскоро планира и оградата да си ја исфарба во истата боја.
Сите треба вака во животот.