Стан во зградата на Ени Хол

„Знаеш дека зградава е на Ени Хол,” набрзинка се пофалува Каролина фон Хамболт. Кај нејзе е новинарка од The Cut, и седат во нејзината канцеларија (фон Хамболт е дизајнерка на ентериер) во таа зграда, и просто природно се наместени нештата за човек што работи со ентериер да биде сместен баш под терасата на која Вуди Ален ја направи онаа финта со зборување едно, а доле титл, на истиот јазик со „што всушност се мисли”.

Стигна трејлерот за Кевин Окуан

Ве интересираше кој е крив што пола жени што ги знаете имаат линии наместо веѓи? Сега ќе дознаете.

Како се прави една од најдобрите маскари на светот

The Great Lash на Мејбелин направи револуција уште кога се појави во 1971-ва (да, пред 47 години) и уште се продава во истото пакување. Каков е процесот на изработка, од состојки до етикета?

Ќе ве фаќа ли шубе ако имате неограничени денови за одмор?

По свет постои нешто што се вика Unlimited vacation time. Го прават нови, современи компании и стартапи, под претпоставка дека луѓето што се вистински среќни на работа, нема да го злоупотребуваат тоа. И замислете, стварно им излегува така на крај. Не виделе они Македонци.

Филистинското уништување на Џони Деп

Ролинг Стоун неодамна објави напис за Џони Деп, кој повеќе служи како пример за нешто што се претвори во една фина индустрија за богатење - уништување на репутации.

Супер е „plus-size”, само да не се претерува

Нови истражувања предупредуваат дека нормализацијата на дебелото, или политички коректниот термин „plus-size” може да води до зголемен број на луѓе кои ја потценуваат нивната тежина и со тоа ги поткопуваат напорите за борба против постојано присутниот проблем со гојазност.

Свадба на аукција

Во средата, во пост на Bella Collina Mansion, инаку ресторан/хотел/све живо за свадби во Северна Каролина, со огромни букви пишувало „Нашата загуба е ваша добивка”. Дообјаснувањето е дека еден пар ја откажува нивната свадба предоцна за да можат да им се вратат парите, па дозволуваат Бела Колина да ја стави целата нивна свадба на аукција за помалку од половина цена.

Пирс на прст наместо веренички прстен

Затоа што тетоважата е премногу мејнстрим. За прстен да не правиме муабет.

Би тетовирале ли „молив” на очи?

Кога ќе ставиме на вага будење нашминкана или искуството со боцкање на очни капаци, што е поважно?

Што носат студентите во Париз?

Досега веќе знаеме колкав мит е „типичната Французинка”, стереотип што во голема мера се должи на new wave cinema, и веројатно ви е јасно дека жените во Париз, а надвор од него особено не се шетаат само во маици на риги и беретки. И црвен кармин. И балетанки. И цигара. И така натаму.

Вториот фустан на Меган Маркл може да се купи

Поточно, ако сте една од 46-те среќни девојки што ќе добијат мејл од Стела Макартни, тогаш да, може да се купи.

Инспирација за средување шминки

Можно е да си рековте „а, не, не, не...” при самото читање на зборот „средување”, ама чекајте малку. Многу е можно да ви е хаос и да ви треба помош. Ако не ви е, и ако шминките ви се секогаш, ама најсекогаш во совршен ред, во своја фиока, организирани по тип, или по боја - честито, вие сте еден еднорог, не постојат такви како вас, чао. Ако сте како 90% од жените, има тука едно видео што може да ви биде од помош.

Има причина што се шишаме после раскинување

Сте виделе дека на Инстаграм има дури и хаштаг: #breakuphair? Кога ќе го тапнеш, излегуваат стотици слики од жени со екстремни трансформации. Навикнати сме да гледаме нова коса и кај јавни личности после раскинување. Што е всушност работата?

Зошто жените викаат „ништо не ми е” кога очигледно им е нешто?

Зошто жените не можат да изберат ресторан? Зошто им требаат повеќе перничиња? Зошто одат заедно во тоалет? Што е тоа виткач за трепки? Мажите имаат многу прашања кога се работи за жени. Некои од нив немаат одговор - не знаеме зошто перничињата го прават креветот поубав, ама го прават, па ги купуваме. Но за едно од почестите прашања сепак има одговор: Зошто жените викаат „ништо не ми е” кога очигледно им е нешто?

Инстаграм и новите стандарди за убавина

До денес е веќе јасно колку е важна улогата на Инстаграм во оформувањето на новиот дискурс во однос на физичкиот изглед и тоа што значи убавина. Сепак, кои се ефектите? Апликацијата ја префрли моќта на одлучување кај корисникот, давајќи му глас - не само што ни дозволува пристап кон различни типови на убавина, туку ни дава и слобода да ја изразиме како ни одговара. Од друга страна, со сите тие филтри, никогаш не бил поголем притисокот да се биде совршен. Јеби га, таква е 2018-та.

Не мора да бидеш Бијонсе за да го изнајмиш Лувр

Бијонсе и Џеј Зи го изнајмија Лувр за спот, ама имаме и една симпатична вест за сите вие што имавте тргнато пари на страна за рентање на Лувр - си има цена и теоретски - можете.

Дали бракот ќе трае подолго ако врската била долга?

Кај нас ретко слушаме за такви романси, каде што двајца се запознаваат и веќе до крајот на неделата се решени да се венчаат. Или се венчани, ако матичарот е слободен толку брзо. И од тие едвај 2-3 приказни, една сигурно завршува наопачки. Така што, веројатно не е изненадување што истражувања покажуваат дека не се многу големи шансите еден брак да успее ако врската пред него била многу кратка.

Што е со природните средства за сончање?

Жизел Бундхен, плус една растечка (и многу бучна) популација, инсистира дека природните средства за заштита од сонце се правата ствар. Бундхен оди до тој степен што овие досегашниве ги нарекува „отров”. Што е тогаш работата?

Љубов од тип - нездрава

...Ако воопшто може да се нарече љубов. Како интро во случајов што ќе го читате, замислете прво да конкурирате на престижен факултет кај одличен професор, со намера да напредувате во вашата сјајна идна кариера. И потоа замислете дека вашиот партнер ќе одлучи дека - не може тоа така. И не само што ќе одлучи, туку и ќе ги преземе работите во свои раце.

Зошто е важно ќерките да гледаат дека татковците работат по дома

Не само што сме Балканци, туку и упорно креираме нови Балканци со нашето однесување дома. За поздрав се паровите што уредно си ги делат обврските и такви се за среќа сè повеќе и повеќе, но за жал, сè уште има (современи и тоа) родители каде што важи дека мајката оди на работа (јеби га, 21-ви век) И работи по дома, а таткото оди на работа и после тоа е уморен. Се знаете кои сте.

Кратка историја на гајлајнерот

Машки со креон, или guys with eyeliner, па од таму и guyliner, постојат многу пред Ру Пол и Џефри Стар.

Чао штикли, добредојдовте патики

Можеби веќе сте забележале дека и најголемите обожавателки на штикли што вечно се колнеа (и не лажеа!) дека им е удобно во нив и да стојат и да пешачат и да спијат - веќе се префрлаат на патики? Не е ни чудо, после една Викторија Бекам, која својот фенси ансамбл го комплетираше со Адидас Суперстар во еден момент.

Учиме самодоверба од Ријана

Медиумите веќе со месеци се занимаваат со „здебелена Ријана”, од пофалби до критики, а самата таа во едно интервју изјави дека „на нејзино задоволство, телото ѝ флуктуира и изборот на облека го прави според тоа што најмногу ѝ стои.”

Те облече ли Меган Маркл - на коњ си

Додека била дома, со слободен ден од нејзиниот шкотски бренд за ташни Стратбери, кој инаку го води заедно со сопругот Гај, Лиен Хендлби добила телефонски повик. Се јавил Гај, кој побарал веднаш да вклучи телевизор, со муабетот „Мислам дека Меган носи наша ташна.” Ташната е една од нивните класични модели со средна големина, во вредност од 495 фунти, а Меган е, нели, тогаш свршеничката на идниот Војвода од Сасекс - Принцот Хари.