Улична мода во Стокхолм

Бапски во споредба со Њујорк и Токио, а сепак некако - најубаво.

Ретко се фаќаат за боја, што во денешно време, кога сите светски трендови инсистираат на боја е дури - освежително. 

Во еден момент, ти паѓа криво што оваа естетика баш и не те ослободува да се фатиш за најубавата виолетова што постои (од колекцијата на Сиријано на пример), ама во следниот, ако досега те бендисувала неутрална естетика и минимализам - веќе ти е подобро.

Ред е да се помириме дека карираното дефинитивно не оди никаде. Ете го горе, на првата слика, ете го на оваа тука:

За ташната на Баленсијага ќе им простиме само затоа што има маче и кутре на неа. Тоа што апликацијата е сродна на оние маички со бебе од 2000-ти, ај ќе правиме муабет накнадно.

Ако веќе одат со боја, тогаш тоа никако не вришти како што вришти во Токио (сосема легитимна и истовремено дијаметрално спротивна естетика).

Или, ја искористуваат за додаток, и така е многу побучна и истовремено пософистицирана отколку да ја лупнеш од глава до пети.

Се инсистира на оваа тутун боја на капути и јакни:

Плус, кој вика дека Џеки О. не може да се провлече во 2019-та и да нема никаков проблем околу тоа:

Мажите се снаоѓаат одлично:

И на општо задоволство, се прифаќа трендот на „никако природно крзно, сè друго, и блиско и далечно е во ред”.

Темава со бои еднаш ја начна Џени Мастард, во една компарација на француски со скандинавски стил.

Нека стои сликава како потсетник: време е на пиедестал да се врати шиено по мерка. Како што најверојатно е овде случај, со целиот костум, плус капутот.

Видете, Баленсијага ташна што не е украсена со крокс во разни бои:

И плус, уште една идеја за ташна, загледајте се убаво:

Со шалов, просто да му падне жал на човек што се стоплува кај нас... Ама ај да не призиваме ладно.

Еј, видете, пристоен Баленсијага џемпер. Знаеле они и негрдо. Него, со ракавициве што правиме, и каде можат да се најдат вакви?

Пробајте вака, со гломазно одело чиешто сако може да послужи како јакна и каиш врз него. Сепак, можно е овде да ѝ фали капутот, на толку снег. Но, добро, бар имаме прилика да ја видиме целата (одлична) комбинација.

Контра на ова, еве го Њујорк, на пример.

15 февруари 2019 - 00:00