Улиците околу најновиот NYFW

Уште една сезона каде што сите правила паѓаат во вода - и што фино вака кога нема што некој да објаснува што се носи, а што не. Освен шноли. Шнолите се враќаат после децениски бан.

Ве поздравија кондурите:

И бојата на капутите - камила, не оди никаде којзнае која година по ред.

И комбинацијава за до пазар:

И тетката со гулабите од „Сам дома”:

И ова јакава пижама со ролка, за кога нема парно:

И еве ги шнолите:

И оваа фантастична комбинација што нема да изгледа баш до толку фантастично ако не те фати ветер:

И оваа лагерфелдовска естетика:

И оваа романтична комбинација како излезена од филм со Одри Хепберн:

Интересно е што врие од вакви марами околу глава, врзани како на филмска ѕвезда од '50-ти години. Често извезени со занимливи работи, на сликава со ништо:

И од беж до розево:

Што мобилен и новчаник?

И грдите чизми уште не се даваат:

Шноли пак:

Будни, капути и мантили на исто место со порака: не е битно. Тоа на крај е Лин Слејтер, која е царица.

Не си идат ни ситните наочари во неочекувани форми, чувајте ги:

Ни карирано, за жал:

Овде карираното ќе го простиме ЗАРАДИ КАПУТОТ! Прејак.

Може да ве интересира и колку јако Токио си игра со мода.

13 февруари 2019 - 00:00