Зошто сега грди чизми?

Се навикнавте на т.н. грди патики? Супер, ај сега малце грди чизми.

Во социо-политичката клима на 2018-та, зборот ‘грдо’ делува малку демоде. Во моментов, многу мал број на ситуации останаа во модниот свет каде што има место за ‘грдо’, кога веќе глумиме политичка коректност насекаде. Не би требало да се употребува за луѓе, ниту пак во прв момент, за дизајн кој ја остава публиката со оторена уста.

Обувките се исклучок од ова правило. Од колено надоле, грдото е синоним за младешка релевантност, авангарден луксуз и комфор (како што и докажува Инстаграм-опсесијата со гломазни/гротескни патики).

И сега дојде ред на грдите чизми. Добро, не баш сега, тоа што со месеци, ако не и години се чудите зошто чизмите по продавници се сè погрди и погрди, ете ви одговор - така сега се прави.

Наводно, има предности: на пример, практични се, нема да бараат поправки затоа што се премногу приземјени за такви работи, и често не пропуштаат вода. И ова се само очигледните предности.

Подлабоката предност лежи во зрачењето моќ, започнувањето на нова ера на самодоверба, од проста причина што не се работи веќе само за секс - туку и за политика.

Да ги земеме на пример хибридните чизми на Клое.

Ги содржат сите потребни стилови во еден, и, без разлика што сите нема да се согласат, функционираат и со свилени панталони (каде што обична штикла би била очекувана и предвидлива), па и оние нежни фустанчиња, и најверојатно, во денешно време - се што може да ви падне на памет.. Изгледот не е за секого, ама па ни Клое не е за секого. Финтата е што она што порано значеше „просечно”, сега значи нешто друго - нема веќе просечно, нема веќе нормално.

А индустријата како да одлучи дека грдото никогаш порано не изгледало и не стоело подобро.

16 ноември 2018 - 00:00