Лин Слејтер не е обична професорка. На свои 65 е модна икона. Кога го почнува својот моден блог, целта ѝ е да креира простор каде што жени од сите возрасти можат да водат интелигентни разговори за модата.
А во моментов, на Инстаграм има речиси 600.000 следачи и иако немала намера да оди во крстоносен поход против предрасудите за возрасните жени, нејзиниот шик осет за стил и ставот што вришти „баш ми е гајле” и понатаму се на иста бранова должина со оние (а многу се) што се борат против очекувањата за жените што ги наметнува општеството.
Ја викаат Инста-баба, а не е фер. Повеќе и стои Инста-ЦАРИЦА.
За нејзе малце начнавме овде.