Токио многу јако си игра со мода

Токму тоа е - играчка. Токио нема рецепт. Само сака да му биде забавно.

Нема правила, a моменталните трендови имаат многу малку, или немаат ич влијание кај нив и нема ни потреба да бидеш некој и нешто во модната индустрија за да изгледаш така блесаво.

На Тамблр има нешто што се вика Токио Фешн и документира jапонски уличен стил уште од 2010-та. Таму има Лолита, па има стимпанк, па реинкарниран Зиги Стардаст, па сè друго што може да ти текне или да ти се засвиѓа. А ако сме реални, ништо од ова тебе нема да ти текне.

Она што остава најголем впечаток се оние винтиџ културни референци меѓу сиот тој футуризам, а самиот винтиџ има многу повеќе влијание отколку последното што се видело на писта во Париз, Лондон и Милано. За восхит е посветеноста на секоја комбинација, а често ги носат до екстреми.

Колку треба да си цар за да си тој во средина.

Ова што го гледаме се вика Хараџуку стил, именуван по областа во Токио што стана центар на јапонската младинска култура и мода во раните ’80-ти.

Каков накит, бе. Глави од Барбики става!

Колку вакви луѓе познавате, што треба да добијат своја витрина во музеј?

Или вакви способни, што ќе облечат глупости што немаат врска меѓу себе и пак ќе им успее да изгледа добро.

Никој не вика дека ако си се родил низок, мора да останеш низок. Си постојат решенија:

А деца се м'кнат уште од мали нозе на вакви работи.

„Ќе дојдеш со мене да купам некои удобни штикли, така како за на работа?”

...

Токио дава да излезеш во пижами и притоа никој да не смее да ти каже дека нема смисла.

Дава и трегерите да ги носиш наопаку.

Ние кога ќе правиме вака?

Ваљда не треба пари од министерство за индивидуално модно освестување и ослободување?

8 февруари 2019 - 20:04