Зошто сега заби во боја?

Таман ќе речеш поминаа цирконите, има ново.

Откако го испративме „златниот зуб” далеку во мракоините на сељаштината, на ред дојдоа цирконите, што, за волја на вистината не беа толку страшни, ама време беше да завршат.

Истовремено, боите не завршуваат на гардероба, кожа, коса, нокти и во шминка. Како некој да си рекол „што уште не сме исфарбале?”

ЗАБИ.

Сме ги менувале со златни, сме ги лепеле со циркони, ама не сме ги боеле.

И така, на еден забар му текнува да креира формула за фарбање заби.

Што мислиме за тоа?

Хм. Мора да се признае дека неонските бои се прилично интересни. Ама луѓе, на толку методи за избелување, на толку пари дадени за вештачки, холивудски насмевки, нели нема смисла да ги фарбаме забите со златна металик-боја што, божем треба да додаде на edge, а всушност неодоливо потсеќа на пожолтени заби што не виделе ни четка ни паста во животот?

13 февруари 2019 - 00:00