Џејн Фонда и Лили Томлин се дружат

Поточно, ги одговараат најчестите прашања за нив на Гугл, ама не може да не се забележи пријатната хемија што ја имаат.

Истата хемија успеваат да ја пренесат во нивната серија „Грејс и Френки” на Нетфликс, што во случај да не сте ја фатиле, може и треба да пробате, особено вас што ве фаќа паника околу годините. Долго време ќе помине пред да се случи слична ситуација како онаа околу која што се врти дејствието во првата сезона, ама приказната за две жени во поодминати години кои одбиваат да се потчинат на фактот дека се „сами и оставени” освежува како што не успева ниедна серија за млади во моментов.

Сепак, ако не ви се ризикува да ве депримира староста како неизбежна етапа од развојот на драмското дејствие наречено живот, тогаш, клипов ви е доволен. Дел е од серијата на Wired, каде што популарни личности читаат најчести прашања за себе и ги одговараат, без разлика дали и колку се бизарни, ама Томлин и Фонда го прават тоа со една таква премачканост со сите бои, да на крајот, кога ќе заврши ви доаѓа да си речете „па, што ако стареам, бе.”

 

15 февруари 2019 - 00:00