Тргнете се да помине најјаката баба на светот:

Стивен Тајлер отвора центар за жртви на насилство

И се вика Janie's House, според Janie's Got a Gun.

Кога не воодушевува народ на концерт, или со своите модни комбинации што упорно нè тераат да се согласиме со еден наслов на Базфид „Сакам Стивен Тајлер да ми биде баба”, го користи своето влијание да биде најчовек што може да биде.

Стивен Тајлер донира пола милион долари за реновирање на еден дом, каде што ќе можат да се сместат девојки кои биле жртви на насилство и таму да бидат безбедни и да добијат пристап до терапија. 

На отварањето не сечат лента, туку марами, за да се запази дека е Тајлер во прашање, што е многу симпатично, скоро колку неговата изјава, дека како бивш зависник, доволно му е и само да знае дека успеал барем еден човек да спаси од голготата што ја преживувал кога бил помлад и поглуп.

Отсекогаш сме знаеле дека е прејак.

14 февруари 2019 - 00:00