Бурбери се извини за јажето за бесење

Ако не сте во тек, на една манекенка при покажување колекција на Бурбери, покажа и дуксер со врвки врзани како за бесење.

Првата реакција е од нивна манекенка. И после тоа, го повлекоа дуксерот од продажба.

„Многу ни е жал за нервозата предизвикана од еден од производите во нашата есен-зима колекција за 2019-та,” вели во својот и-мејл директорот Марко Гобети. „Иако дизајнот е инспириран од морнарската тема што се провлекува низ колекцијата, беше бесчувствителен и направивме грешка.”

И креативниот директор, Рикардо Тиши се извини:

„Дизајнот е на морнарска тема, но сфаќам дека беше без осет. Немав намера никого да вознемирам. Ова не е одраз на моите вредности, ниту на Бурбери и го отстранивме од колекцијата.”

Се разбира дека не им простуваат веднаш. Манекенката Лиз Кенеди на Инстаграм објави:

„Самоубиството не е мода. Не е ни гламурозно, ни јако и бидејќи ревијата е посветена на млади кои го креваат гласот, еве ме. Рикардо Тиши и сите во Бурбери, не ми е јасно како можевте да дозволите на писта да излезе парче што личи на јамка околу врат.”

Го обвинува врвот на компанијата и нивното игнорирање на младите на кои е лесно да им влијаеш, додавајќи дека не треба ни да ја заборавиме ни ужасната историја на линчувањето. А кажува и дека се нервира од лични причини, бидејќи морала и самата да се справува со самоубиство во семејството.

Кога побарала да разговара со некого ѝ рекле да напише писмо и дека „на никого не му е гајле што ти се случува во приватниот живот, па задржи си го тоа за себе.”

Во изјавата, Гобети пишува дека ѝ се јавил на Кенеди да и се извини.

Пред некоја недела беше и џемперот на Гучи, минатата беше Авон.

Ич не им иде памет.

20 февруари 2019 - 14:58