Џона Хил се снајде, со методот т.н. „убиј ги со љубезност”.
На некои од неговите понови Инстаграм постови, Хил добива коментар од анонимен (се разбира) трол што го вика „позерско, помпезно ѓубре” од којзнае кои причини и коментира за промените во неговата тежина во последниве неколку години.
„Беше дебел бубатор кога беше мал, а со тоа што мислиш дека си скејтер воопшто не си искрен кон себе.”
Хил избира да не го игнорира, како што често се советуваме меѓу себе да правиме - му се обраќа.
„Гледам дека многу патиш. Мора да е многу глупо тоа. Барај ме ако ти треба човек за разговор. Бесот е само тага што била чувана предолго. Тука сум, друже.”
Тонч.
Не е ни саркастичен.
Не е ни за тонч работава.
Човеков стварно сака да му помогне.
А кога сакаш да му помогнеш на тролот да не страда, бидејќи страдањето го претвора во бес и магично има потреба да ти објаснува колку си најглуп, нема како да ти врати.
т.е. има, кога човек нема грам самопочитување, може да тера и понатаму. Но она што успева Хил да го направи, е да започне разговор.
Со скриншот од коментарот, бара помош сето ова да се претвори во нешто повеќе.
„Можеби има начин да се структурира ова за да има и број каде што човек може да се јави и да зборува со луѓе за бесот и болката, наместо да направи нешто негативно поради тоа. Се согласувам да одвојам колку што можам од моето време за ова, но можеби некои од вас ќе ми помогнат да започнам нешто сериозно,” пишува Хил во објавата.
Со оглед на поддршката што ја доби, можно е да се крене нивото на свест на оваа тема и да се разговара за најдобрите аспекти за оддржување на дигиталното ментално здравје.
Ако ништо друго, може барем да се искористи за уште еден метод за справување со тролови.