Улична мода во Лондон, пак

Улица е секогаш толку многу појако од писта.

По стотти пат, се бетонира фактот дека „нема правила”, а луѓето како да сакаат да играат со милион стилови, вкусови, материјали и парчиња како уште еден начин за истакнување на нивната индивидуалност. Дали е за истакнување пред себе, или пред другите - не се знае, ама кога е толку занимливо - кој би се бунел?

На пример, панталони со принтови од статии за Галијано? Фала, сакам. И тоа горе исто.

Ни требаат вакви ракави? Или ќе си останеме досадни баби со ракави исти како остатокот од материјалот?

Еве, не мора да ви се свиѓа. Ама зошто, ЗОШТО нема вакви луѓе по Скопје? Ќе видиме ли некогаш интересно?

...Макар и сами си сошиле, најтрапаво на свет?

Има нешто безобразно привлечно и удобно во оваа идиотска јакна. Прашањето е дали е преправана откако е добиена во наследство од гојазен роднина, или е вака купена.

Кога индустријата не ти дава џебови, земи си ракави. И внатре стави парфем, резервен пар штикли, кафемат, мачето, дечко ти, бормашината на комшијата и мастики.

Ова некако не. Ама пак е освежително да се види боја. Дајте вака глупо, неспретно шлакнат несошиен тул, наместо вечно досадното едно те исто.

Јакна што ќе прозбори:

Наспроти ова што го видовме до сега, а и тоа што ќе го видиме понатаму, ова како да се губи. Иако тоа деталче во вид на кукла/привезок врши работа.

Не е Токио, Лондон е.

Никогаш доста Леон-капути.

(Леон-капути се сите капути што личат на капутот на Леон во „Професионалец”)

Yes, црвени чизми над колена со одлична штикла. Малце здосади инсистирањето на грди чизми.

Многу фино играње со основни бои и црно. Просто да посака човек да види каде би ставила жолто.

Еве уште едно од категорија „Како не треба”. Не, стварно нема потреба.

Лесно е да направиш асиметрија со еден долг ракав од една страна, а од друга страна без - нека ти текне долгиот да го завршиш со ракавица во иста боја да те видам.

Омилена фотографија во целата серија - за цел ден зјапање. Како за награда:

И фино смислено карирано, како за промена.

извор

26 февруари 2019 - 00:00