Ајде да учиме за Џон Галијано

„Стил значи да носиш вечерна тоалета во Мекдоналдс, да носиш штикли за да играш фудбал. Тоа е личност, самодоверба и заведување.“

За инспиративните ствари што ги кажува друг пат, а сега да видиме кој е човекот зад најдоброто од Живанши и Диор, човекот што спушта вилици до земја кога ќе се појави на писта и е официјално Кралски дизајнер (со признание, со све).

1. Целото име му е Џон Чарлс Галијано, CBE, RDI (CBE е витешки ред на Британската империја, а RDI значи дека е Дизајнер на кралскиот двор. Па, прејако.)

2. Роден е во Гибралтар.

3. Со семејството доаѓа во Лондон на шестгодишна возраст.

4. Имаше негов бренд Џон Галијано од 1988 до 2011.

5. Во моментов е креативен директор на Maison Margiela.

6. Има две сестри.

7. Татко му бил водоводџија.

8. Бил срамежлив и поинаков (да де), и често зборува за мачното вклопување во друштво. За времето кога почнувал, вика „Мислам дека луѓето не ме разбираа што сакам да кажам.“

9. Мајка му била учителка по фламенко.

10. Го облекувала во „најубавото“, дури и за до продавница. Начинот на облекување во комбинација со креативноста често му правеле проблеми во машкото школо во Лондон каде што учел.

11. Матурирал во 1984-та, како првенец со диплома за моден дизајн.

12. Инспирација за првата колекција му била француската револуција и ја нарекол Les Incroyables.

13. Првата ревија му е во 1989-та, како дел од Париската модна недела.

14. Во 1991-ва соработува со Кајли Миног, дизајнирајќи костими за турнејата Let’s Get To It.

15. Во 1995-та го назначуваат за главен дизајнер на Живанши и станува првиот британски дизајнер што води француска куќа за висока мода.

16. Во Живанши подоцна го замени Александар Меквин.

17. Во 1996-та премина во Кристијан  Диор и го замени Жанфранко Фере.

18. Во Диор критичарите го обожаваат заради парчињата што се лесни за носење, а сепак се haute couture.

19. Во 2010, Галијано ја искажа својата љубов кон театарот и женственоста: „Мојата улога е да заведувам.“ Како главно влијание ја истакнува наследничката на Standard Oil, Милисент Роџерс.

20. Во 2014 се придружува на Maison Margiela и се враќа во модата.

21. На доделувањето на Британските модни награди, ѝ додели признание за Извонредно достигнување на Ана Винтур, која ја носеше неговата прва креација за Maison Margiela. Модната директорка на Њујорк Тајмс, Ванеса Фридман го нарекува „Моден благослов“.

22. Беше Британски дизајнер на годината во 1987, 1994, 1995, 1997.

23. Во 1997-ма ја подели наградата со Александар Меквин, кој го наследи во Живанши.

24. Во 2001-ва беше назначен за Командант на Редот на Британската Империја за неговата служба во Модната индустрија како Моден дизајнер. (Да, Кралскиот двор има и тоа)

25. Цар.

 

29 мај 2017 - 14:00