Поточно, ако баш сакате да знаете (не сакате, не е многу пријатно, ама ај), заклучокот е дека баш и не сме таква сува лепота како што ни кажува огледалото.
Проблемот се состои во тоа што на изразот во огледалото имаме апсолутна контрола. Во дел од секунда кога ќе се погледнеш, мозокот препознава нешто што не му се допаѓа и способен е веднаш да те натера да се наместиш поубаво, најпросто кажано - за да си се бендисаш.
Од друга страна, фотографијата е сурово искрена и ако ти кажува дека со спуштена глава, во профил, кога не внимаваш дали некој те гледа - имаш дупла брада, тогаш за жал, да, во таква положба имаш дупла брада.
Еднаш веќе чувме зошто сме дебели на слики, ај да видиме ова:
Плус,
Некст-левел стручност за селфи
и
Некст-левел стручност за селфи, ама со мобилен
Исто така, кога сме веќе тука, нели е многу интересно што 21-ви век отвори можност некој да направи кариера чисто затоа што го бива за фотографирање себеси?