Зошто сте дебели на слики

Ако веќе постои проблемот, тогаш барем да слушаме професионалец.

За Сорел Амор и колку е талентирана веќе пишувавме, (Некст-левел стручност за селфи, и истото, ама со мобилен), а многу занимливо кај неа е што не се поставува себеси над, божем, „тривијалности” на секојдневието.

Да, ние може да се фураме дека слики на Инстаграм се небитни, ама тешко дека не се замараме кога ќе се најдеме во тагнати. Уште потешко дека со леснотија објавуваме слики што се апсолутно неласкави.

Така, откако се ослободивме од маската на „јас сум една длабока особа што не се замара со такви работи”, да видиме: 

Зошто изгледаме дебело на слика?

Затоа што врска немаме од сликање, ама среќа па има кој да ни каже.

И да вметне супер финти и совети измеѓу, како и вечно-излитена, а сепак вечно-потребна порака што во превод значи - навикнете се на себе и засакајте си го телото.

А сега, засекогаш да ги оставиме сликите со дупла брада зад себе:

 

23 ноември 2018 - 00:00