Чашката, објаснета

Со титлови на македонски и опција да си ја набавиш и кај нас.

Чудна е менструалната чашка. Не дека тоа го прави производот помалку ефикасен, ама дека бара да ѕирнеш туторијал за „како тоа иде” - бара.

Сè повеќе (милиони) жени се фаќаат за ова решение, а според статистиката, 9 од 10 што пробале, продолжиле да ја користат. Пишани искуства на темата - колку сакаш, видео со титл на македонски, во моментов - едно.

Мистерија еден - како се става, затоа што формата е далеку од тоа на кое што сме навикнати - решена.

Мистерија два - како нешто толку мало собира толку течност - исто решена. Наводно може да се остави 12 саати и е најхигиенско и најприродно решение. И може да трае, замислете, до 10 години.

Сепак, има една препорака да се менува на 6 часа, заради опасноста од синдром на токсичен шок, кој што до сега важеше само за тампони.

Да видиме. Кликнете на CC, па на запчаникот за превод на македонски:

Ја има кај нас и чини 1490 денари.

1 март 2019 - 12:28