Слободата на кажување „не”

Не мора да е којзнае што. Може едноставно да се работи за слобод да објавиш дека тој и тој ресторан е ужасен, отсекогаш си го мразел и никогаш нема да стапнеш таму.

„Не сум сигурна кој прв кажа никогаш да не се кажува да на нешто што е во далечна иднина, a што мислиш дека не би го правел ни утре, ама е одличен совет и сакам тој човек да го частам пијачка.

Страдам од проблем наречен „угодување на луѓе”; едно чувство што ме тера да кажувам да на било што. Понекогаш тоа е проблем затоа што знам i дека ќе си наштетам, но понекогаш се согласувам со нешта што не сакам стварно да ги правам.

Би можело да се каже дека таков ми беше целиот живот - до сега: и многу психијатри така ми рекле.

Доброто кај созревањето е што човек престанува да се секира на таа тема. Почнав да кажувам не, не само на штетно, туку и на работи кои можат да ми се од помош (за кариера, за врски), но некако не ми е удобно или не уживам да ги правам. На пример, веќе немам намера да прифаќам да дремам во сообраќај 45 минути, за да стигнам до место каде што 90 секунди работа ќе ми помогне да напредувам во кариерата. Некои работи ми се во ред, како на пример седење и потење под рефлектори во студио (што ми е работа) ама тоа ми вреди.

Веќе не обрнувам внимание на мажи во рандом кафичи или по автобуски станици што се обидуваат да ме замуабетат затоа што сметам дека не им следува моето време. Избегнувам настани каде што ќе се досадувам, забави каде што знам дека ќе се препијам или ќе се дрогирам, па ќе ми биде ужасно наредниот ден. Ако гледам серија 10 минути и ми е неподносливо досадно, нема да продолжам, без разлика што медиумите тврдат дека морам. Ќе оставам книга ако е ужасна, додека во минатото мислев дека е некаков неуспех ако не ја дочитам.

Не можам да ви опишам колкава промена е „добро” да го замените со „не”. Не се работи за тоа дека се претворате во себична, затворена или непристојна личност. Секако повремено мораме да правиме нешта што инаку не би ги избрале: за да бидеме добри другари, професионални, или да преживееме. Но, да кажеш не значи да обрнеш внимание на физичките и психолошките ефекти на сопствената посветеност. Се работи за чување од „прегорување”, ниска самодоверба и каење.

‘НЕ’ прво ќе ви се чини како којзнае што. Но, како и со сè друго, со вежбање станува полесно. Се враќа тивката самодоверба што ја носи контролата и уживањето во грижата за себе. Гордоста да се ставиш себеси на прво место. Се враќа радоста на слободата, дури и кога е едноставно слобода да објавиш дека тој и тој ресторан е ужасен, отсекогаш си го мразел и никогаш нема да стапнеш таму.”

Хана Џеј Паркинсон, Гардијан

6 март 2019 - 00:00