Великодушноста на Алкараз кон ресторанот кој го ранел како среднишколец

Карлос на 22 години е милионер и славно тениско име. Но, очигледно уште од млад му работи кликерот и знае како да им врати на оние кои му помогнале.

Карлос Алкараз платил 87.000 долари за да спаси ресторан во периферијата на Мурсија, Шпанија, кој му давал бесплатни оброци додека одел во средно училиште.

Од ресторанот добивал бесплатен појадок дури три години и кога дознал дека се затвора, им ги платил сите долгови за да ги спаси.

Тоа го сторил тивко, без помпа и им напишал: „Дом за оние кои секое утро ги поттикнуваа моите соништа“.

„Тој никогаш не бараше ништо, но ние видовме нешто посебно во него. Беше љубезен, секогаш насмеан и никогаш не забораваше да се заблагодари“, велат газдите на ресторанот, кој претрпел тежок удар и зголемени трошоци во последните неколку години после пандемијата. 

Шпанецот на 22 години само од турнири има заработено 31 милиони долари, а од спонзори заработува годишно по 32 милиони.

Има освоено 5 Гренд слем титули, кои во пари изнесуваат 2,6 милиони долари од УС опен 2022, 3 милиони долари од Вимблдон 2023 и 3,45 милиони од Вимблдон 2024. Потоа 2,4 милиони од Роланд Гарос 2024 и 2,55 милиони од Роланд Гарос 2025.

Врвните тениски успеси му донесоа големи комерцијалните договори. Меѓу најзначајните се Ролекс, БМВ, Келвин Клајн, Луј Витон, Ел Поцо и ИСДИН.

Најголемиот спонзор на Алкараз е Најк со кој има 10 годишен договор, кој лани го продолжи за 18 милиони евра годишно.

Спонзори, договори, пари: Синер vs Алкараз, кој вреди повеќе?

10 јули 2025 - 13:59