На јулските температури во овој дел од светот нема потреба да се распалува скара и да се пафта ќумур. Може и поскромно и помалку амбициозно; да се фрлат пар јајца на некоја вжарена шахта. Од небрусените. Но, додека во Лесковац богохулат со менито, Словенците им го соборија рекордот околу нивната локална гордост, плескавицата.