На сликата е Алекса Чанг, со костум, веројатно ленен, од H&M, неиспеглан (!) и сандали што личат како за косење трева, а всушност ич не се за косење трева од проста причина што се Шанел. Фино е да се помисли дека човек има луксуз да коси трева со Шанел сандали. Со тоа што, ред е да се додаде и дека ако имаш Шанел сандали што изгледаат вака, веројатно не си ја косиш тревата сам.
Објаснување:
За да го купиш овој модел, треба од претходно да си горд сопственик на завиден број дизајнерски обувки, па толку многу да ти е тоа надминато, што сега ќе се напикаш во туристичка сандала што ужасно на оние што обично ги спаруваат со чорапи.
Без разлика дали го имаат логото што Лагерфелд го осмисли за Шанел, нема шанси така лесно да ти пројдат во јавност. Прво треба да ти пројдат пред огледало, а тоа тешко.
Да се вратиме на моментот на преживување.
Неиспеглано!
Мистеријата е, дали е вакво излезено од дома, или е вакво станато после неколкучасовно носење? Знаеме дека ленот е клет.
Поголемото прашање е кога згужваното ќе стане стејтмент и дали може од утре?
Дилемава потекна од еден текст на Man Repeller, што (кој си има мука), потегнува едно друго прашање - авторката на блогот се прашува колку дена во годината можеме да си дозволиме сандали + џемпер, комбинација што не успеала локално да нè зарази, па поради тоа и нема локално да го поставиме.
Назад на оделото непеглано.
Излегува на 21-ви март, па кој ќе се најде во свет... Панталоните се тотално вредни за имање.
Патем, доказ дека ни H&M не ја сака новата естетика што ја наметнаа такви источњаци како Димна Васалија на Баленсијага:
Нема сандали.