Модерни се ташни за глувци

Кога ќе слушнеме „мини ташна”, ни текнува на нешто мало, нешто вечерно, нешто што собира кармин и телефон, да речеме. Што сме демоде.

На Париската модна недела, Jacquemus извади мали, ептен минијатурни ташни за Есен 2019-та.

Брендот е веќе познат по ташните за Барбики наменети за луѓе, во кои што едвај собира слушалки.

А не е дека не се слатки:

Мислам, нели е супер-кјут да добиеш ваква покана за ревија:

Зошто на нашиве не им текнува вака? 

Ги претставија заедно со јаки, монохроматски комбинации, со име Mini Le Chiquito и во бела, розева и црвена боја.

Моделот собира два кафетини, или неколку дијазепами, зависи што ќе те фркне кога ќе платиш од 345 до 795 долари за едно вакво.

Ама имаме време да размислуваме, ќе бидат достапни дури следната сезона.

4 март 2019 - 00:09