Јужна Кореја ја има најбрзорастечката и технолошки најнапредната индустрија за убавина во светот. Народот се инспирира од К-Поп и локални серии како главни диктатори на она што следи како тренд, а притисокот за совршена кожа е ненормален.
Центар на опсесијата е K-Beauty, и неколку симпатични локални девојчиња, пред камерата кажуваат дека дневно трошат 2 часа на шминкање. Интересното е што конкретно таа што го дава одговорот, воопшто не изгледа како потрошила толку време. Ама па, знаеме колку е потешко да постигнеш „изглед без шминка” отколку панда. Ние што сакаме да бидеме панди во очите и за до подрум, полесно проаѓаме.
Истовремено поразително и инспиративно е дека Кореја сака да ни каже дека кога се работи за убавина, само со шминка не сме завршиле работа - па домаќинката, Улијана покажува спа-центар на седум спрата, што работи нонстоп и е составен дел од животот на младите луѓе во Јужна Кореја.
Колку да ти отворат работа.
А околу речиси сигурната пластична операција кога-тогаш во животот, имаат едноставно објаснување - почнуваш да откриваш ствари што шминката не може да ги покрие - и нема помирување со тоа.