Пред судењата за силување што му следат во јуни, медиумите известуваат дека се обидува да најде јаки жени-адвокати - ама со попуст, затоа што тоа ќе било „добро за нивната кариера”.
„Харви не сака премиум цени,” вели еден извор за Њујорк Пост. „Аргументот пред адвокатките му е ист како пред младите актерки кои сметаа дека не се доволно платени: Ќе биде добро за твојата кариера да бидеш дел од мојата екипа, заради слава и популарност.”
Според Њујорк Пост, адвокатката Памела Меки која успешно го одбрани Коби Брајант од обвинение за силување излегла од дрим-тимот на Вајнстин откако не се согласиле за плаќањето. Неговиот прв адвокат, Бен Брафман се откажал минатиот месец. „Луѓето околу Харви тврдат дека очајно се обидува да најми ‘сукња’ заради ‘омекнување на имиџот’.”
Во моментов има договорено три адвокатки. Или се договориле околу плаќањето, или и они „се жртвувале за кариера.”