Твитер-нишка за препознавање (и справување со) депресија

Како што кажа Лејди Гага, социјалните мрежи се ВЦ-шолјата на интернетот, ама повремено ќе се појават и дискусии што ќе го оправдаат нивното постоење. Така на пример, се појави еден едноставен твит, „Како препознаваш дека си во депресија” што повлече разговор за едноставните, барем привремени начини за вадење од таа гадна состојба.

И самата нишка е мал плус во депресивното секојдневие.

Роузмери Донахју, која во опис на работно место има digital wellness editor на Алур (уредник за дигитално здравје? Интересно.) им го поставува следното прашање на своите следачи:

Односно,

Која е таа една ствар што го издава вистинскиот статус на вашето ментално здравје, дури и кога успевате да го сокриете тоа на сите други полиња во животот? Мене ми е купот садови во мијалникот.

Прашањето очигледно мава во некој нерв, па се вклучуваат луѓе со одговори што можат да ви бидат многу познати:

- колку често нарачувам храна
- колку брза храна внесувам
- колку облека имам на кревет до која што спијам, наместо да ја здиплам и да ја тргнам
- опсесивно проверување на социјални мрежи
- валкани алишта. Кога сум добра, гледам да перам еднаш неделно, кога сум во депресија, се собираат купови
- непрочитани/неодговорени мејлови, куп неотворена пошта

Вакви еден куп. Со реакции од тип „И јааааас!” и слично.

Уште еден плус во дискусијата е потпрашањето на Донахју:

„Ај сега да кажете што ви помага да се справите со ова кога ви тежи премногу долго? Јас слушам музика на која можам да си пеам (сега ќе мијам садови). Ајде да си помогнеме со вештини за справување.”

На ова, луѓето почнуваат да одговараат со секакви ситни, едноставни, а сепак делотворни мали решенија:

- Заради ова не се јадам за картонски чинии, кога ќе почувствувам дека се ближи депресивна епизода; ќе изнакупам оброци за во микробранова, не купувам алкохол и спремам доволна количина чисти алишта затоа што перењето е обавезно проблем.

- Мене ми помага враќање на режимот за нега на кожа. За два-три дена веќе ми е подобро, и почнувам да средувам сè.

- Кога ми е тешко да се грижам за себе, се обидувам да следам препораки од терапевт на дневно ниво. Ако ми доаѓа премногу, се трудам тоа да биде барем еднаш неделно.

Најдете си финта за справување со лошо расположение. И ако видите некој друг што се гњави, кажете му ја.

1 март 2019 - 13:10