Гага да ви каже нешто за Бредли Купер

Убаво рече Џими. Во неделата, милиони жени им се налутија на партнерите што никогаш не ги погледнале како Бредли Купер што ја гледа Лејди Гага.

Ние како напредна нација од ништо не остануваме покусо, па така и во споделувањето „љубовни” погледи меѓу нив двајца, нагаѓање за колку време Бредли ќе ја остави Ирина Шајк и колку на број искри им се појавуваат во очи додека си пеат еден на друг.

Истовремено сме експерти и за кој кого повеќе сака, со изјави од типот „ма се гледа, она него го обожава, он неа ич” и слично.

А реално, изгледа најексперти излегоа оние со „a be lugje toa se glumci oni taka sakaat da veruvate”.

На сето ова, Гага ќе каже нешто со кое сите ќе се согласиме:

„Прво, социјалните мрежи, ако сме искрени се WC-шолја на Интернетот. И она што ѝ го имаат направено на поп-културата е ужасно. А луѓето видоа љубов, и погодете што, тоа и сакавме да видите.”

Целото интервју е добро, а Гага е прекрасна, ама ако ве интересира само оваа тема, почнува на 3:10.

28 февруари 2019 - 12:09