Што има чудно на оваа слика?
А на оваа?
Кирби Џенер е чудното.
Кирби Џенер кој не постои. Ова им е јасно на сите што читнале по нешто за тоа бизарно семејство. Тие што немаат поима, Кирби многу повеќе ќе ги интересира од Кендал.
Значи, Кирби има над 400.000 следачи на Инстаграм и сите слики му се фотошопирани. Си лови слики од сестрата на Ким Кардашијан и умешно и посветено си се додава себеси.
Се опишува како брат-близнак на Кендал, кој во животот се бави со аматерско манекенство.
„И Кирби сака да ги сподели своите фотографии со светот, исто како неговото семејство,” објаснува Кирби. „Само што, тој е еден од членовите што не го знаат сите.”
Sирнете само колку е детален; до боја, шум, светло па и блур. Ги искина.
Еве го профилот.